СЗО: Нема докази дека новата варијанта на корона вирусот е поопасна

by Fokus

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште нема докази дека новата варијанта на корона вирусот ќе доведе до зголемена смртност, изјави еден од директорите на таа организација, Силви Брајан, за француската телевизија БФМ.

– Вирусите се менуваат и она што се случи сега не е изненадување. Со цел да утврдиме дали мутацијата ќе има влијание врз здравјето на луѓето, ќе мора да направиме дополнителни истражувања во лабораторијата. Во овој момент, не гледаме промена на стапката на смртност, рече таа.

Брајан посочи дека ќе се спроведат и нови истражувања за ефикасноста на вакцината против новата варијанта на корона вирусот, иако засега ништо не упатува дека ќе има разлика во однос на делотворноста.

– Засега изгледа дека новата варијанта на корона вирусот тешко дека ќе влијае на ефикасноста на вакцината. Верувам дека мерките кои се преземени во Велика Британија ќе влијае на тоа да се запре ширењето на новата варијанта до масовната вакцинација на населението, потенцираше Брајан.

Поврзани новости