Заев за спорот со Бугарија: Правиме напори до последен момент, но има работи за кои никаде во светот не се преговара!

by fokus

Премиерот Зоран Заев и денеска појасни дека неговиот оптимизам во врска со спорот со Бугарија се должи на тоа што се прави се за да се најде решение, но истовремено и порача дека има работи за кои не се преговара никаде во светот, па нема да се преговара ниту тука.

-Преку оптимизам испраќаме порака дека правиме сè за да постигнеме решение, јас сум истиот тој што пред месец дена на празникот 11 Октомври го запознав народот дека е можно да немаме решение односно дека е можно да не се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Правиме напори до последен момент, ќе дадеме сè што може од наша страна како енергија, памет и мудрост, но знаете дека има работи за кои никаде во светот не се преговара. Тоа го сфаќа и бугарската страна, сфаќа дека нашиот идентитет и нашиот македонски јазик се наше чувство и право, државите не преговараат за оваа работа. Ние продолжуваме да изнаоѓаме решение кое секако би било прифатливо за двете страни, но дефинитивно стојам и денеска на тоа дека постои можност да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ, истакна Заев.

Поврзани новости