Заев: Рашковски си поднесе оставка, ќе има нов генерален секретар на Владата

by fokus

Како што неодамна објави „Фокус“, универзитетскиот професор Драги Рашковски нема и во иднина да биде генерален секретар на Владата. Оваа информација денеска ја потврди и премиерот Зоран Заев.

-Драги Рашковски пред месец и половина си поднесе оставка од функцијата генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар на Владата, се уште немаме донесено одлука кој ќе го замени Рашковски, изјави премиерот Заев.

„Фокус“ дознава дека Рашковски најверојатно ќе остане на Илинденска како советник на премиерот.

Поврзани новости