Заев за Рашковски: Никој не е виновен додека не му се докаже вината

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека никој не е виновен додека не му се докаже вината, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со приведувањето на Драги Рашковски.

Тој и денеска истакна да тврди дека се било законски, но како што рече може да бил и пристрасен, бидејќи Рашковски бил генерален секретар во неговата Влада, поради што надлежните институции ќе го истражат случајот.

-Уште еднаш се потврдува дека нема недопирливи. Законот важи еднакво за сите, но не треба да се заборави и дека и никој не е виновен додека не му се докаже вината. Запознаен сум со самиот случај и јас немам дилема. Јавната набавка е спроведена согласно законот за Влада, согласно деловникот за влада. Ова е утврдено како потреба. Спроведена е постапката согласно законот, по тоа што јас го видов. Немаме софтвер на Рашковски таму. Тој креирал и патентирал систем, кој бил направен од ФИНКИ и фирма, која победила на тендер, истакна премиерот Заев.

Поврзани новости