Заев за „бомбата“: Чуден е Мицкоски, тој се слуша како прави криминал, а мене се обидува да ме вмеша

by Frosina Fakova

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се слуша во „бомби“ како договара и прави криминал, а од друга страна се обидува да ме вмеша мене за „бомби“ на кои има разговори меѓу трети лица, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција од Штип.

-Чуден е овој Мицкоски и неговите околу него. Секаде тој се слуша во едни други „бомби“ како тој договара, како прави криминал, како заштитува криминалци, како го опструира законот за Јавно обвинителство, како редовно прима пари за партии и кампања. Од друга страна се обидуваат со разговори меѓу трети лица да го инволвираат Заев. Заев работел чесно, покажал комплетна посветеност за народот и земјата. Сето ова што власта го правеше овој период е конкретно и видливо, се она што зборува опозицијата е „бла бла“, рече Заев.

Вчера на „Јутјуб“ беше објавена снимка на која се слушаат осудениот за „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и српскиот бизнисмен Дака. Тие во разговорот ги споменуваат Заев и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, а опозицијата го обвини дека зел поткуп од 300 илјади евра.

Поврзани новости