Филипче ветува: Секоја година ќе ги зголемуваме платите во здравството за 10 отсто

by Frosina Fakova

Секоја година ќе ги зголемуваме платите во здравството за 10 отсто, односно за 40 отсто за целиот следен мандат, најави министерот за здравство Венко Филипче од партиската прес конференција на Коалицијата „Можеме“ во Штип.

-Секоја година ќе ги зголемување платите на здравствените работници и соработници за 10 проценти, значи вкупно 40 проценти за целокупниот следен мандат. Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12 илјади денари субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе го зголемиме бројот на специјализации и на наставни лица, најави тој.

Поврзани новости