Заев: Тајната на слободата е во храброста

by Fokus 13:40
13:40

Да живее слободата на граѓаните на Република Македонија! Во слободна Македонија, нека ни е среќен и вековит 8.септември, Денот на независна и суверена Република Македонија! Ја живееме можноста да ги оствариме своите цели и стремежи, по сопствен избор. Лично независни, без ограничувања, истакна премиерот Зоран Заев.

– Ова не е момент. Ова е избор на живот. Слобода. Тоа е првиот чекор кон остварувањето на другите наши цели: економска независност на пример. Европски шанси, на пример. Чекорот кон слободата и кон шансите заедно го направивме. Исто како што на 8 септември пред 26 години граѓаните масовно, самостојно излегоа на референдумот и избраа независна Република Македонија, и ние во големо мнозинство, сплотени во различностите, со силна верба во вистината и правдата, избравме СЛОБОДА.

- Advertising -

Според него, тајната на слободата е во храброста.

-И да, бевме храбри. И достоинствено е, заслужено е, не е непристојно ако се гордееме, дека покажавме одважност и храброст да се издигнеме над личните интереси и да застанеме зад државните интереси, секогаш кога и е тоа потребно на нашата држава, Република Македонија. Избравме самостојно слобода, демократија и европски вредности. Затоа, паметот во глава, потребна ни е повторно и мудроста и зрелоста со којашто земјата од генератор на криза ја претворивме во мотор на развој. Патот е пред нас. Патот е чист. Демократијата е процес, се надградува, не се поседува. Од нас зависи.Да ги задржиме трпението и вербата и да ја обезбедиме нашата светла заедничка иднина – додаде Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости