Заев со поддршка за ЛГБТИ заедницата: Градиме општество за сите

by fokus

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук по повод Mеѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.

„Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата – #IDAHOBIT. Убав ден и повод за да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Убав ден и да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес.

Солидарноста и промоција на правата за сите луѓе што припаѓаат на обесправените групи или во ранливи ситуации, станува одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“, напиша Заев.

Поврзани новости