Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат тестирање за дрога во Собранието

by fokus

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ денес ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Иницијативата следи откако пратеникот Павле Богоевски беше обвинет за набавување на дрога, што тој го негираше и како што самиот изјави набавувал масло од канабис за негов близок пријател.

„Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, административни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно. Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани“, соопштија од пратеничката група составена од пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ откако гласаа за промена на уставното име.

Поврзани новости