Заев следната недела ќе се сретне со Села и Гаши за законот за државјанство

by Фокус

Освен со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев следната недела ќе оствари средба и со лидерите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

– Ќе се сретнам со Алијанса и Алтернатива следната седмица за решение на проблемот за граѓаните кои немаат државјанство-изјавил Заев за ТВ 21.

Вчера, Заев ја прифати поканата за тет-а-тет средба со Мицкоски, која ќе се одржи во понеделник во Клубот на пратеници.

Поврзани новости