Ангелов бара учество на пописот: Да не ја загрозиме борбата во 2001

by Фокус

Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, ги повика Македонците да учествуваат на пописот. Тој побара да не се загрози со една статистичка операција тоа што, како што рече, го бранеле во 2001 година.

– Пописот е статистичка операција, но во нашата држава има и друга димензија. Ние како држава треба да се трудиме како граѓани без разлика во колкав процент ги има во нашата држава да ги уживаат сите права. Но повикувањето на бојкот за пописот навистина може да предизвика далекусежни штетни последици во нашата држава. Опасноста од Ковид не е оправдување за повикување на бојкот затоа што ќе бидат почитувани сите протоколи за борбата со Ковид – рече Ангелов.

Тој оцени дека барањето на Алијанса за Албанците и Алтернатива за признавање на македонско државјанство со само три сведоци е апсурдно.

Поврзани новости