Заев: Штип останува во сигурни раце, гласачите испратија порака до бојкотирачите

by fokus

Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата на Сашко Николов, кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип.

Според него, денешните избори биле безбедни по здравјето, а гласачите  им испратиле порака и на бојкотирачите на изборите, ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој  повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството  на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да  – за грижа  одговорност и  стабилност, не  за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови и хистерии. Не дозволува овој  наш народ блокади, кочења и уништувања, рече Заев.

По гласањето се обрати и генералниот секетар на партијата, кој рече дека истокот станал бастион на социјалдемократијата.

Николов пак рече дека и покрај опструкциите кои ги имале во предизборниот период од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сепак извојувале победа. Тој рече дека сега има обврска да обезбеди рамноправност, грижа и поддршка за секој граѓанин.

-Денот го поминавме седејќи на кафе и тоа покажува дека Штип е демократски град, рече Николов.

 

Поврзани новости