Јорданов: Се истурааа со пари за глас повеќе, цената достигнуваше над 200 евра

by fokus

Денес цел Штип беше сведок на мафијашки избори организирани од Зоран Заев, и двоецот Бочварски и Сашко Николов, обвини на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.

-Вадеа луѓе болни со корона без никакви протоколи. Се истурааа со пари за глас повеќе, а цената за глас достигнуваше нешто над 200 евра. Се правеа притисоци, закани и уцени само за да ja зачуваат градоначалничката фотелја. Цела држава ја кренаа на нозе за само еден градоначалник. И извојуваа пирова победа, која денес штипјани скапо ја плаќаат со своето здравје. На парламентарните избори пред само една година гласаа 24 илјади граѓани, на претходните локални избори гласаа 29 илјади граѓани, денес таа бројка е нешто над 14 илјади гласови. Јасна порака од штипјани, дека денес Сашко победи, но Штип и Македонија изгубија, рече Јорданов.

Поврзани новости