Денеска ќе се разговара за евентуално засилување на здравствените мерки

by Fokus

Државите околу нас почнаа со зајакнување на рестриктивните мерки по високиот раст на бројот на заболени од корона вирусот.

Во Македонија во изминатиот месец исто така значително порасна бројот на инфицирани од Ковид-19, а министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека денеска на состанок ќе се одлучува за евентуално засилување на здравствените мерки.

Голем дел од граѓаните се гласни на социјалните мрежи, барајќи полициски час, со оглед на тоа дека секојдневно бројот на заболени се движи од 800 до 1300 случаи.

Поврзани новости