Заев, Рама и Вучиќ ќе го посетат Драч, па ќе оддржат состанок за „Мини Шенген“

by Фокус

Македонскиот премиер Зоран Заев, заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе посетат неколку делови на Драч, кој беше најпогоден од разорниот земјотрес од 26 ноември.

„Трагичните настани носат ненадоместливи загуби, но, тоа се моменти кога на најдобар можен начин може да се изрази пријателството и поврзаноста меѓу народите“, напиша Заев синоќа на фејсбук, откако присуствуваше на хуманитарниот концерт „Ти никогаш нема да бидеш сам“, посветен на процесот за обнова по разорниот земјотресот од 26 ноември.

Инаку, тројцата лидери во земјите од Западен Балкан денеска во хотелот Рогнер во Тирана ќе го одржат и состанокот на иницијативата „Мини Шенген“ која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните.

Поврзани новости