Заев: Јас сум за дислоцирање на Ќосето, но не кревам телефон во стилот „Миле ми текна“ да им диктирам на луѓето што да прават

by Fokus

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија истакна дека тој е за дислоцирање на споменикот на Андон Ќосето пред судска палата.

– Се согласувам и јас дека не му е местото таму, не сум се сетил, тоа е работа на Mинистерството за култура, не знам дали почнале процедура околу спомениците од „Скопје 2014“. Се треба да биде по закон, јас не земам телефон за во стилот „Миле ми текна“да диктирам – рече премиерот потенцирајки дека ќе се информира во министерството дали почнале процедура за разместување на спомениците меѓу кои е и на Ќосето.

Поврзани новости