Вооружени лица ограбиле казино во тетовско

by Fokus

На 24.04.2024 во 10.50 и во 12.25 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено, поради сомнение дека околу 04.00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје, од вработените одзеле пари. Тие се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Поврзани новости