ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја турка државата во банкрот

by fokus

СДС и Заев ја водат Македонија кон економски крах и ја туркаат државата во банкрот, велат утринанава од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овие 100 дена од владеењето на СДС, се забележува пад на индексот на промет во индустријата. Во јули годинава во однос на јули лани, на домашниот пазар се бележи опаѓање од 3% односно 2.5% на странски пазари. За прв пат се бележи пад на просечната плата за 0.7%. Откако СДС e на власт за прв пат после долго време имаме пад на индустриското производство за 2,2%. Огромен е падот и на градежништвото за месец јуни од дури 25 %. Расипничката влада на СДС, поради катастрофалните економски политики кои ги води во изминатиот период, успеа да ја повлече економијата во надолна линија. Неодговорната влада на СДС, за само 100 дена владеење расипнички потроши над 350 милиони евра што по основ на аукции на државни хартии од вредност, што по основ на трошење на девизните резерви. Од граѓанските пари не се реализираше ниту еден проект, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, како се приближува периодот за локалните избори, така СДС драматично се задолжувала.

Поврзани новости