Четворица повредени во сообраќајна несреќа кај наплатната рампа кај Градско

by Fokus

Четворица повредени во сообраќајна несреќа синоќа на стариот реконструиран пат Градско-Велес, на стотина метри под наплатната рампа кај Градско.

Според информациите, поради сообраќајката и увидот, беше сопрен сообраќајот по стариот пат Велес-Градско, а на местото на настанот веднаш пристигна и екипа на брза помош од Велес која им укажа итна помош на повредените.

Како што информира за МИА, д-р Надица Мицева од Службата за брза помош од Велес, тие веднаш им укажела помош на повредените кои се однесени во Ургентниот центар на велешката Општа болница. Со полесни повреди се здобиле трочленото семејство во едното возило – млад брачен пар со едно 21 месечно дете. Во другото возило возачот имал лесни повреди во пределот на главата.

Поврзани новости