Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од првиот собраниски состав ги поддржаа реформаторите

by fokus

Иницијаторите за реформи во ВМРО–ДПМНЕ денеска добија поддршка од пратениците од првиот парламентарен состав од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ да се реформира во демократска партија, а не како што е сега султан-партија. Да се врати на старите победнички патеки. Како пратеници ги поддржуваме реформистите и мора внатрепартиската демократија да биде застапена, а се во интерес на државата и на партијата, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од првиот состав Михајло Пановски.

Александар Михајлоски од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ рече дека му е чест што добиваат поддршка од пратениците кои го поставиле темелот на Република Македонија.

Поврзани новости