Заев ги повика Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба

by fokus

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција ги повика лидерите Мицкоски, Ахмети и Села на лидерска средба во петок во Клуб на пратеници.

Како што истакна Заев, лидерите немаат веќе време за губење и како што рече, треба да се фатат за работа во интерес на граѓаните.

„Времето е потрошлив ресурс и имаме уште до октомври. Не треба да застанеме со работа и да дадеме се. Тоа им го должиме на граѓание. Со лидерите на партиите треба да се фокусираме на создавање услови, предлози за акциски план и работни групи, а ќе имаме разговори и со другите парламентарни групи. Сметам дека со исрената и честна посветеност, на есен ќе се претставиме како земја која ги затворила сите прашања“, истакна Заев.

Поврзани новости