Заев: Еколошката такса носи милионски зелен фонд

by fokus

Верувам дека согласно Деловникот, законите треба да се гласат „за“ или „против“ и верувам дека ќе се изнајдат начини за да ги продолжиме политиките важни за граѓаните, рече премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја најавата на опозицијата дека ќе го блокира донесувањето на законот за еколошка такса.

-Ако сакаме повеќе здравје, почист воздух и повеќе зелени површини, мора да ги следиме европските политики. Зелената такса што се воведува, доаѓа во време кога се укинуваат трите денари акциза што беше воведена кога цената на нафтата беше најниска. Очекуваме другата недела да помине 600 долари барел и веднаш паѓаат самите такси, така што немаме во просек некое зголемување, но ќе имаме огромен фонд кој во една година значи не помалку од 55 милиони евра. Тоа се пари за зелени површини, пари за обновливи извори на енергија, енергетска ефиканост кои значат многу за државата – изјави Заев.

Поврзани новости