Османи: Не преземавме никакви обврски во Софија

by fokus

Обврски не се преземени. Во Софија воспоставен е отворен дијалог за позициите на двете страни во однос на прашањата. Ние разменувавме идеи за можни решенија по однос на сите тие точки кои се споменуваат, а се комплементарни на основната идеја што ја дава португалското решение, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на гостувањето на телевизија Канал 5, во однос на писмото од бугарското МНР.

– Овие решенија се разменети како идеи и предлози на состанокот. Идејата и договорот беше на нив да се одговори пред Самитот. Доколку имаме договор, тоа да се преточи во поддршка и тогаш би имале комплетен договор – дефиниран патоказ, прашањата кои ги решава предлогот на поругалското претседателство во однос на јазикот и позицијата на патоказот во европскиот процес и плус зелено светло за почетокт на преговоир. И имаме комплетно решение. Негативното е што овој одговор од Софија доаѓа после Советот, значи ја немаме одлуката, но предноста е што ова е индикација дека начелно се прифаќаат идеите како да се надмине проблемот, појасни Османи.

Поврзани новости