Опозицијата ќе ја блокира еколошката такса

by fokus

Еколошката такса е погрешна мерка во погрешно време и ВМРО ДПМНЕ ќе го блокира носењето на законот со кој таа треба да стапи на сила, најавуваат од опозициската партија.

-Без двоумење ќе го блокираме овој Предлог закон, користејќи ги сите постоечки демократски механизми и ќе го спречиме неговото донесување. Во случај мнозинството да продолжи да го прави тоа што го прави најдобро, а тоа е насилно и надвор од процедура да донесе уште еден закон кој удира по џебот на граѓаните, тогаш приоритет на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосна ревизија на сите анти-пазарни политики, меѓу кои и високите даноци – изјави Тимчо Муцунски, пратеник од ДПМНЕ.

Вчера, и Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија блокада на законското решение со кое литар гориво ќе поскапи за 3,5 денари плус ДДВ.

Поврзани новости