На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот Зоран Заев одговори дека таквиот вид болници не се поставувале со дозвола, туку со решение за примопредавање.

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници. Ова беа модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола, одговори Заев, и притоа додаде дека со слична постапка се поставуваат и маси пред кафулиња.

По ова тој иронично додаде: „И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме“?

Изјавата можете да ја слушнете и погледнете на следниов ЛИНК.