Заев: Ако Таравари не стане градоначалник, ќе го вратам во Влада

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на Топ тема на прашањето дали доколку министерот за здравство, Арбен Таравари, не победи на локалните избори во Гостивар, тој ќе го врати во Владата на министерската позиција, одговори потврдно.

-Да. Таравари е квалитетен кадар и не би се откажал лесно од него, рече Заев.

Министерот Таравари претходно најави дека доколку не стане градоначалник, тогаш ќе се повлече од политиката.

Поврзани новости