СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со честите паузи ги кочи законите што се во интерес на граѓаните

by fokus

Наместо да ги поддржат законите што носат придобивки за сите граѓани, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со честите паузи и бесцелни реплики и денеска, како и претходно, ја кочат постапката за предвидените закони што носат поголема минимнална плата, решавање на проблемот со стечајците и укинување на радиодифузната такса, реагираат од СДСМ.

-Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака работниците да добиваат повисока минимална плата од 12.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не сакаат работниците од текстилната, кожарската и од индустријата за обувки да добиваат идентична законска мининална плата како и вработените во другите индустрии. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не дозволуваат трајно да им се реши статусот на 3.500 стечајни работници и тие да добиваат по 7.596 денари месечно. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не дозволуваат да се укине радиодифузна такса и домаќинствата да се ослободат од плаќање на оваа давачка што во минатото остави илјадници граѓани со блокирани сметки. Со ваквото однесување ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува фактот дека за неа не се важни интересите на граѓаните, туку се грижи единствено за теснопартиските интереси и благосостојбата на раководството на опозициската партија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ денес е во опозиција и затоа ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе загуби на локалните избори кога граѓаните ќе го казнат нејзиното лицемерно и деструктивно дејствување, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости