За шест часа казнети 160 возачи на мотоцикли во земјава

by Fokus

МВР информира дека вчера во периодот од 11 до 17 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 160 возачи.

Од нив, 112 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 31 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости