Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО, за што со месеци зборува СДСМ, реагираа со соопштение од опозициската партија. „Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста“, велат од СДСМ.
Како што наведуваат, прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. „Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот“, велат од СДСМ.
Потоа, како што додаваат, следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор.
„Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор“, прашуваат од СДСМ.. „Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му де одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио?“, се додава во соопштението.
„Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО. Останува само да видиме која е цената“, посочуваат од СДСМ.