За Ковачевски Македонската телевизија стана „Национална телевизија“

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски при вчерашната најава за неговото интервју на Македонската радио-телевизија го користеше називот „Национална телевизија“, иако телевизија се уште го нема променето името.

Ова име беше најавено уште во 2019 година кога Владата објави листа на институции кои ќе треба да ги променат своите називи согласно Преспанскиот договор. Но, ова е прв пат тоа име активно да почне да се користи.

Тогаш Владата објави дека десетици институции ќе добијат нови имиња, табли, логоа, веб-страници и документи по промената на државното име.

Според упатствата на Владата, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија Скопје ќе треба да го промени називот во Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио-телевизија Скопје, Националната установа Македонска филхармонија ќе стане Национална филхармонија, Македонска радиодифузија ќе се применува во Национална радиодифузија, а Македонската опера и балет во Национална опера и балет.

Поврзани новости