За пет години пратеници зеле речиси 3 милиони евра за патни трошоци

by fokus

Во периодот од 2015 до 2019 година за патни трошоци за користење на автомобил во лична сопственост за доаѓање и враќање од работа на пратениците им се исплатени вкупно 178.079.681 денари, или 2.895.605 евра, покажува анализата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

– За 2015 година исплатен износ од 47.409.320 денари или 770.883 евра;
– За 2016 година исплатен износ од 42.976.034 денари или 698.797 евра;
– За 2017 година исплатен износ од 31.488.060 денари или 512.000 евра;
– За 2018 година исплатен износ од 32.160.226 денари или 522.930 евра;
– За 2019 година исплатен износ од24.046.041 денари или 390.993 евра;

Исплатениот износ во 2015 година е значително поголем бидејќи во оваа година се исплатени надоместоци за превоз и за неисплатени обврски од 2014 година.

– Од наведените податоци се гледа дека исплатата на надоместокот за патни трошоци на пратениците за доаѓање и враќање од работа од 2015 до 2019 година се намалува. Во 2016 споредено со 2015 година трошоците се намалени за 10,31%, во 2017 се намалени за 50,56%, во 2018 се намалени за 47,41% и во 2019 споредено со 2015 се намалени за 97.16%, се вели во анализата.

Правото на надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за доаѓање и враќање од работа го користеле: во 2015 година 90 пратеници, во 2016 година 88 пратеници, во 2017 година 86 пратеници, во 2018 година 76 пратеници и во 2019 година 75 пратеници.

Намалувањето на исплатата на надоместокот е поради измената на Одлуката за висината на надоместокот во 2018 година, од 30% на 20%. но и на зголемување бројот на пратеници кои користеле закуп на стан, во периодот 2015- 2017 само 3 пратеници, а во 2018 и 2019 година користат 15 пратеници.

Поврзани новости