Халанд објасни зошто ја избра Борусија пред Манчестер Јунајтед

by fokus

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ги опиша шпекулациите, дека Манчестер Јунајтед се откажале од него поради високи барања за плати, како комични. Норвешкиот напаѓач изјави дека веќе решил да му се придружи на тимот од Дортмунд.

Халанд се придружи на Дортмунд минатиот месец, и веќе има импресивни 8 гола за само 270 минути игра.

Сепак, Халанд го сметал трансферот на „Сигнал Идуна Парк“ како вистинска одлука за неговата кариера.

– Оле беше многу важен за мојот развој и за постигнувања и за она што сум денес. Сепак, решивме дека Дортмунд е вистинскиот потег. Што се однесува до моите големи побарувања за плата, тоа не е точно. Луѓето пишуваат што сакаат. Тие мораат да ми објаснат ако ме сретнат. Сепак, тоа не е мојот фокус, рече норвешкиот фудбалер.

Вечерва Борусија Дортмунд ја продолжува битката во германската Бундеслига. „Жолто-црните“ се домаќини на Ајнтрахт од 20:30 часот.

Поврзани новости