Делницата од Извор до Врбјани ќе биде пуштена на Денот на независноста, 8-ми септември, барем такви се очекувањата на Владата, кои на брифинг со новинарите ги сподели премиерот Мицкоски.
Очекуваме, според оптимистичкото сценарио, делницата од Извор до Врбјани, вклучувајќи ги и вијадуктите и тунелите, да биде пуштена во употреба до Денот на независноста – 8 Септември. Доколку има дополнителни доработки, рокот би можел да се помести до септември или октомври. Целосното пуштање во употреба на автопатот, од Кичево до излезот кај Охрид, каде што се наоѓа единствената преостаната делница што сè уште не е поврзана со автопатското решение, го очекуваме во првиот квартал од 2027 година. Потоа ќе останат уште околу три километри кои во моментот завршуваат кај селото Ботун. Тие три километри треба да се приклучат на делницата од Букојчани, каде што завршува проектот на „Бехтел и Енка“, до точката на поврзување со постојниот автопат. Тоа се приближно 10 километри. Договорот со заемодавачите е потпишан, средствата се обезбедени, тендерската постапка е завршена и избрана е компанија што ќе ги изведува градежните работи. Во моментов се чека конечна согласност од заемодавачите,
Целиот автопат, пак, Кичево-Охрид треба да биде пуштен во употреба во првиот квартал од 2027-ма година. За комплетирањето на ова автопатско решение обезбедени средства од 175 милиони евра, како заем од домашните банки, па како што вели Мицкоски, финансиски покриен е целиот проект, со што активностите на терен се реализираат, за конечно завршување на овој автопат. И со дополнителното финансирање, како што посочи Мицкоски, цената по километар останува пониска од цената на делниците на Коридорот 8 и Коридорот 10, што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Заедно со автопатот Скопје-Блаце, како и автопатските делници од Коридор 8, Мицкоски вели дека во ист момент, во втората половина од оваа година ќе се работи на шест автопатски решенија.