За 24 часа 15 пациенти ја изгубиле битката со корона вирусот

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 868 заразени од корона вирусот, а пријавени се и вкупно 15 починати лица.

-Починати се 5 пациенти од Скопје (86г,81г,72г,71г,64г), по 2 пациенти од Тетово (72г,59г) и Охрид (78г,57г), и по 1 пациент од Прилеп (80г), Куманово (71г), Штип (64г), Кавадарци (65г), Битола (73г) и Неготино (74). Сите пациенти се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.

Поврзани новости