Вучиќ по средбата со Вархеји: Ги прифаќам забелешките, за се сум јас крив

by fokus

Еврокомесарор за проширување Оливер Вархеји на денешната средба во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ,покрај презентација на Инвестицискиот план на ЕУ и Извештајот за Србија, воделе разговори и за замерките кои ЕУ ги има кон Вучиќ, во поглед на состојбата со демократијата во Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, за ова српскиот претседател говореше на прес конференцијата по средбата, кој кажа дека отворено разговарале за „неговите пропусти“, додавајќи дека истите „ги прифаќа и дека е одговорен за нив“.

-Замерките кон мене се дека сум виновен што воведов строг полицијски час за време на пандемијата, прекумерната употреба на сила за време на протестите пред српското собрание, виновен сум за односите со Русија и Кина, набавката на воениот систем Панцир, за друго, за користење на претседателската функција на изборите и за состојба со демократијата во Србија, јас сум за се виновен, а сега јас ќе се потрудам да набавам беспилотно летало од една проблематична земја, кажа Вучиќ.

Еврокомесарот Вархеји не говореше на пресот за оваа тема, но посочи дека „ја охрабрува владата да спроведе реформи, кои треба да одат паралелно со најавениот инвестициским план на ЕУ.

-Ја истакнуваме важноста на владеењето на правото и подготвени сме за ангажман да ја забрзаме работатат на владата, за да можеме да отвориме нови поглавја со Србија на нејзиниот европски пат, изјави Вархеји.

Поврзани новости