Вторник – неработен за сите, Македонија го празнува Црниот понеделник

by lali

Црниот понеделник оваа година паѓа во вторник. Министерството за труд и социјала известува дека вторник, 24 Декември, е неработен ден за сите граѓани, бидејќи се празнува големиот демохристијански празник Св. Трајко Вељановски – Чудотворец, патрониот празник на македонското собрание.

Преданијата велат дека на овој ден во далечната 2012 година, Вељановски, во народот познат и како Бељаноски (од старословенските зборови “беља” и “носи”), направил божјо чудо. Тој само за еден миг направил да исчезнат од собраниската сала опозицијата и новинарите, по што луѓето првпат станале свесни за неговите натчовечки моќи. Оттогаш демохристијаните во Македонија почнале да го слават за светец, а тој во скромност велел дека неговата моќ произлегува директно од Свети Никола и само ги следел неговите патокази.

Св. Трајко Бељаноски беше беатифициран за жив светец непосредно по направеното чудо на специјална комисија под покровителство на археопископот на македонската глупост Хорхе први.

Денеска во собраниското бифе, ликот на Св. Трајко Бељаноски се појави во неколку филџани со талог од кафе, во една чинија од супа и во едно пајнче со шербет од баклава. На пратеникот Амди Бајрам ликот на Св. Трајко му се појавил на етикета на шише од Кока кола и според неговото сведочење му се обратил со зборовите: И јас верувам во тебе!

Поврзани новости