Вториот посетител на Груевски под истрага во обвинителството за организиран криминал

by fokus

Еден од лицата кои беа фотографирани во Будимпешта во друштво на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, е под страга на Обвинителството за организиран криминал, соопшти денеска директорот на Царината, Ѓоко Танасоски.

Тој изјави дека се прераспределени на други работни места и двајцата посетители, за кои се утврди дека се вработени во Царинската управа. Советникот во Општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој е и обвинет во предметот „Титаник“ на СЈО, е прераспределен од архивар во магацинер.

-Прераспределени се и двајцата. Александар Трајковски е оставен на исто ниво, а на друго место. Во однос на другиот посетител, добивме одговори во текот на оваа недела од некои институции и следува кај нас внатрешна истрага, како и отворање постапки, но не сакам да прејудицирам каков ќе биде исходот од постапката. За вториот посетител на Груевски има предистражни дејствија и не би сакал да коментирам, тоа е надлежност на јавното обвинителство за организиран криминал – рече Танасоски.

Тој додаде дека вториот посетител на Груевски е преместен на друго работно место „заради одредени специфичности на работното место каде беше претходно“.

-Согласно предистражните дејства мораше да биде прераспределен на друго место во Царината – посочи директорот.

Поврзани новости