Министерот Филипче ја вакцинираше својата внука

by fokus

По техничката грешка со вакцините на „Македонија Лек“, јавноста жестоко реагираше на ваквиот пропуст, а министерот за здравство, Венко Филипче вети дека проблемот ќе биде решен.

Тој на социјалните мрежи објави дека ја вакцинирал својата внука, додавајќи дека вакцините се безбедни и ефикасни.

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, објави Филипче на својот профил.

Поврзани новости