Возило удрило во канделабри и се превртело на кров

by Fokus

Возило удрило во метални канделабри на улицата „Борис Трајковски“ и се превртело на кров, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа после полноќ, околу 00.05 часот на булеварот „Борис Трајковски,“ во Скопје патничко моторно возило ,,Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, удрило во металната конструкција од автобуската постројка, како и во две метални канделабри, по што од ударот  возилото се превртело.

Веднаш по незгодата возачот го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости