Се судриле два автомобили со моторцикл во Радовиш

by Fokus

Два автомобили се судриле со моторцикл вчера во Радовиш, при што нема починати, информираа од МВР.

Според полцијата, вчера во 16.45 часот во Радовиш на бул.„Александар Македонски“  се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха 400“, управуван од С.Б. (23) од с.Коџалија, патничко возило „Фолксваген Голф“ со радовишки ресистарски ознаки, управувано од М. Т. (46) од с. Воиславци и патничко возило „Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки управувано од М.А. (58) од с. Габревци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле: С. Б., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница -Штип каде е задржан на лекување и сопатникот на моторциклот Е. А. (20) од с.Коџалија, кој по укажаната лекарска помош во Клиничка болница-Штип е препратен во Клинички центар Скопје, каде е задржан на лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од општа надлежност -Радовиш.

Поврзани новости