Воз преполови автобус во Пакистан – најмалку 19 загинати

by fokus

Најмалку 19 лица загинале, а 55 се повредени кога воз удрил во автобус во покраината Синд, во јужен Пакистан, изјавија официјални претставници на власта, пренесе ДПА.

Судирот во кој возот го преполовил автобусот се случил на необележен железнички премин.

Сите настрадани се патници од автобусот, освен помошник машиновозачот, кој е полесно повреден.

Во Пакистан често пати доаѓа до железнички несреќи бидејќи железничката мрежа е многу лошо оддржувана, како наследство од британските колонизатори.

Поврзани новости