Воведни зборови на обвинителката за скандалот Онкологија: Ќе докажеме дека обвинетите несовесно лекувале болни, кои подоцна починале

by irena 11:37
11:37

Обвинителката Ана Гогоска-Јакимовски на денешното судското рочиште почна со воведните зборови тврдејќи дека: „Здравиот има многу желби, а болниот само една, да оздрави“.

„Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите. Денеска ќе ги изнесеме фактите и доказите дека обвинетиот Никола Васев како радиолог и онколог постапувал несовесно при лекувањето и при тоа предизвикувајќи тешко нарушување на здравјето кај пациентите.

Ова кривично дело покажува дека штетите се значајни и потенцијално животно загрозувачки”, истакна обвинителката.

Од 2018 година до 30 декември 2022 година извршил повеќевременски дејствија, исти околности со што грубо ги прекршил препораките на европските и светските онколошки процедури.

„Обвинетиот без конзилијарна одлука и несоодветна медицинска документација спроведувал неподобни терапии со недозволено дозирање, и без проценка на перформанс статусот и биохемиски параметри на пациентите. Ќе покажеме дека терапиите биле препишувани и спроведувани и кога било бескорисно, а со тоа и ризични за пациентите”, додаде Гогоска-Јакимовска.

Таа додаде дека дополнително, обвинителството ќе докаже дека ова несовесно лекување било овозможено од обвинетата Мери Пешевска, која работела со него и му ставила на располагање свој факсимил, корисничко име и лозинка на Клиниката за седум пациенти. Со тоа му овозможила административен пристап за финализирање на терапии без соодветна контрола.

Обвинителка истакна дека ќе докажат дека Васев направил тешки кривично дела по здравјето на пациентите со тешки последици.

„Во текот на главната расправа ќе ги изнесеме доказите дека обвинетите Никола Васев, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски извршиле кривично дело несовесно лекување болни. Тие без соодветно конзилијарно мислење, без документација давале неподобни терапии, често со неточна доза, од кои не само што биле неефектни, туку и штетни.

Пациентите и нивните семејства имале безрезервна доверба во обвинетите, сметале дека добиваат соодветна терапија и никогаш не помислиле дека токму оние на кои им го довериле животот ќе постапат на начин што ќе го влошат нивното здравје.

Ќе докажеме дека имуно терапија им била давана во терминална фаза, со што дополнително го влошиле нивното здравје. Делувале со очигледна несовесност и неодговорност.

Тоа било криминално и несовесно лекување, кое за некои пациенти биле фатални. Ќе бараме правдата да биде задоволена во име на пациентите, во име на хуманоста и законите”, истакна обвинителката.

Ирена Мулачка

 

 

Слични вести