Војската на Србија останува на највисоко ниво на борбена готовност, одлучи Советот за безбедност

by Фокус

Вооружените сили на Република Србија засега остануваат на највисоко ниво на борбена готовност, одлучи на денешната седница Советот за национална безбедност на Србија, која вчера ја свика српскиот претседател Александар Вучиќ по тензиите меѓу косовската полиција и граѓаните на северот на Косово.

Ваквата одлука, како што се наведува во соопштението на Претседателството на Србија, е донесена поради бруталната употреба на сила од страна на косовскиот премиер Албин Курти против српскиот народ во Косово.

На седницата биле договорени сите неопходни безбедносни активности со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Србија, а било истакнато дека мисијата на НАТО во Косово (КФОР) не ја извршила својата работа согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Воено-техничкиот договор од Куманово.

„Началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, е овластен да одржува директен контакт со командантот на КФОР, во обид да се осигура дека КФОР/НАТО ги исполнува својата функција и мандат, во согласност со релевантните акти на ОН, и ги штити Србите во Косово“, стои во соопштението.

Поврзани новости