Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје

by Fokus

Откако објавија вест дека утре, на 11 февруари, ќе има прекин во водоснабдувањето низ цело Скопје, сега Водовод и Канализација го избриша соопштението кое првично беше објавено на Фејсбук.

Засега нема официјална информација дали останува најавата или пак се работело за грешка или недоразбирање.

Потсетуваме, во првичното известување, Водовод и Канализација извести дека прекин на водоснабдување или значително намален притисок во водоводните цевки, ќе има во речиси сите општини во Скопје.

Имено, претпријатието често го користи Фејсбук како медиум преку кој регуларно известува за прекини на водоснабдувањето или пак најавени интеревнции на терен.

 

Поврзани новости