(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерите Ковачевски и Рама

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама пристигна во Скопје и беше пречекан од својот македонски колега Димитар Ковачевски на платото пред Владата.

Веднаш по пристигнувањето во Владата започна тет-а-тет средба меѓу премиерите Ковачевски и Рама. Потоа, ќе се одржи и билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете земји.

Двајцата премиери на пладне ќе се обратат на прес конференција во Владата.

Инаку, во состав на делегацијата предводена од премиерот Рама се Нико Пелеши, министер за одбрана, Мајлинда Дука, државен министер и главен преговарач на Албанија, како и заменик-генерален секретар, Елира Кокона.

Поврзани новости