Во Валандово утре референдум за рудникот Казандол

by fokus

Граѓаните на Валандово в недела ќе се изјаснат на референдум дали се за изградба на рудникот „Казандол“, како и за можното отворање на нови рудници на нивната територија.

Претходно граѓаните од Богданци, Дојран и Гевгелија се изјаснија против изградба на новите рудници во овој земјоделски крај.

-Кој ќе сака да купи од нас смокви, калинки, јапонска јаболка, грозје, зелка, домати, бостан? Никој, оти сите ќе знаат дека доаѓаат  од подрачје каде има рудник. Што правиме тогаш? Што ќе прават земјоделците? Треба ли да ја уништиме оваа зелена оаза и целиот овој регион кој произведува околу 40 % свеж зеленчук, овошје и преработки од нив? За да се задоволат апетитите на еден инвеститор треба да се доведе во прашање егзистеницјата на десетици илјади земјоделци. Не знам со кој памет некој дозволи да се отвара рудник во зелена оаза“, рече неодамна Нико Попов, земјоделски агроном.

Поврзани новости