ВМРО-ДПМНЕ: За два месеци потрошени 177 милиони евра од девизните резерви

by fokus

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта, за како што велат, неконтролирано трошење на парите на граѓаните.

Еве го нивното соопштение во целост:

„Парите на граѓаните испаруваат и исчезнуваат секој ден.

Волшебниците на СДС за неполни 3 месеци стопија цели стотици милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви и задолжувања по основ на издадени хартии од вредност.

Секој недела почнаа да се распишуваат аукции за државни хартии од вредност, а потоа волшебниците од СДС како со магија успеваат да направат да ги снема.

Министерот за задолжување Тевдовски досега има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра.

Според податоците што ги објавува НБРМ девизните резерви на Република Македонија споредено 31 јули и 31 мај се од салдо 366,3 милиони евра намалени на 189,3 милиони евра, цели 177 милиони евра недостасуваат за нецели 2 месеци.

Нечесно е СДС да излегува со тези во јавноста дека е намален долгот кога апсолутната бројка на тој долг не само што е зголемена, туку ако таа се претвори во проценти е повеќе од 3 проценти од вкупниот долг.

Граѓаните на Република Македонија не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на волшебниците од СДС и нивните асистенти од Сорос и платеничката шарена револуција.

Поради сето ова СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости