На улицата „Никола Малешевски” во населбата Топана во Чаир полицијата го пронашла автомобилот од кој вчера вечер било пукано во 24-годишниот Бурим Идризи, кој им подлегна на повредите.
Идентитетот на убиецот се уште и е непознат на полицијата, ниту пак мотивите за убиството.
Пукањето се случи околу 18 часот на улицата Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Убиството е извршено со автоматско оружје „АК-47“ од автомобил во движење. Идризи бил застрелан додека излегувал од своето возило на автобуската станица.
Според Обвинителството, на убиството во Чаир му претходела вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот. Убиецот откако пукал и го усмртил 24-годишното момче, избегал, а по наредба на јавен обвинител се подигаат траги од самото место, кои ќе бидат предмет на обработка.