4
Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев е разрешен од Судски Совет. Судскиот совет претходно едногласно одлучи јавноста да биде исклучена од расправата и одлучувањето за утврдување одговорност на Нанев.
Образложението поради кое се одлучуваше зад затворени врати е поради заштита на неговиот углед и интегритет. Подносител на барањето за утврдување одговорност од судијата Нанев е претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.
Одговорност од Лазар Нанев се бараше бидејќи тој остварил 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој го водел. За него се водеше и уште една постапка пред Судски совет.