3
Тројца загинати и пет лица се повредени и пренесени во болница во сообраќајката што се случи попладнево кога комбе се преврте на автопатот Скопје – Велес.
-Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, се првите информации од МВР.